Вести Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ги достави контактите на компаниите кои би можеле да испорачаат гас и мазут во Македонија

Министерот за економија, Крешник Бектеши, како што беше договорено со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ги доби контактите од компаниите за кои партијата тврди дека можат да испорачаат гас и мазут во Македонија по пониска цена од онаа која е на светските берзи.

Обврските кои ги имаше ВМРО-ДПМНЕ се исполнети, предадени се контактите и договорени се средбите по кои Владата треба да изменаџира за количини на гас и мазут

Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, е дециден дека доколку владата ги искористи неговите контакти ќе се заштедат околу 300 милиони евра, бидејќи производствената цена на струјата во домашните капацитети ќе биде далелку пониска, а со тоа и продажната кој би била двојно пониска од онаа на слободниот пазар.

Од партијата сметаат дека струјата која би се произведувала во ТЕЦ Неготино и во „ТЕ-ТО“ со енергенсите обезбедени преку нивните контакти треба да се продава на индустријата.

Премиерот Ковачевски, кој средбата со Мицкоски ја оцени како конструктивна, побара од опозицијата да биде конструктивна за да се изгласаат законите неопходни за менаџирање на кризата во претстојниот период.

Мицкоски и неговиот економски тим не присуствуваа на денешната седница на економскиот совет, бидејќи според нив сите теми и прашања за разговор се исцрпени.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Коѕијас ја критикува грчката влада за неспроведување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Пред нас е милионски долг за враќање, ќе се искористи ли новата милијарда која се најави за  раздолжување?

Дејан Дејан

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе