Вести Македонија

Судот за милион евра му верува на Жан Митрев дека нема да избега

Патната исправа на Жан Митрев останува во судот. Почесто ќе треба да се јавува дека е достапен за истражните органи, но останува на слобода. Понудил, а судот ми ги прифатил парите дека нема да избега додека трае предистрагата за него, соопшти денеска на брифинг со новинарите, шефот на скопското обвинителство Гаврил Бубевски. Според Бубевски, досега се сослушани 80 отсто од пациентите кои пријавиле дека се оштетени.

„Зголемени се мерките за присуство и покрај патната исправа од осомничениот е дадена гаранција дека нема да избега во готов износ од 1 милион евра во Кривичниот суд и цениме дека со овие мерки е обезбедено присуство на обвинетиот“, рече Бубевски на денешниот брифинг.

Истрагата со сомнежи дека во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, довел во заблуда пациентите лекувани од ковид-19 со методот на хемофилтрација, треба да заврши за два до три месеци, по што обвинителстовото ќе соопшти дали ќе го гони или не сопственикот и управител Жан Митрев. Во август му беше одземен пасошот како гаранција дека нема да бега.

Бубевски, информираше дека напредува и случајот Муареми – Русковска. Ексдиректорот на финансиската полиција е распитан од обвинителите, а следни за разговор се трите обвинителки, Вилма Русковска,  Елизабета Јосифовска и Ивана Трајчева за кои Муареми смета дека извршиле нелегален претрес во управата која тој ја водеше, односно под сомнеж дека затајувал предмети и истраги.

Во „рикверц“ е пак најтешкиот случај кој го води скопското обвинителство, автобуската трагедија кај Ласкарци. По без малку една година, најавеното супервештачење сеуште не е готово. Дури 8 пати кривичниот суд испратил писмени дописи до бирото за вештачања да се изготви мислењето од овластени сообраќајни инженери за да продолжи процесот кој заглави во доказна постапка.

Бубевски соопшти дека пред една недела го добиле и предметот за случајот МПМ и сега треба да биде распределен кај обвинител. Најмногу кривични пријави, како што информираше Бубевски, има за дела против сообраќајот – 1056, потоа против имот – 838 и против живот и тело – 315.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе