Вести Македонија

Премиерот и министри во новиот Совет за унапредување на образованието – од СОНК реагираат дека не се вклучени просветни работници

Владин Совет за унапредување на образованието и науката ќе ги решава проблемите во ресорот. Системите на оценување, наставните програми, учебниците, стручната подготовка за пазарот на трудот и сите други пропратни елементи ќе се најдат на разгледување од страна на членовите на Советот. Со него ќе претседава премиерот Ковачевски, а во состав ќе бидат и министерот за образование Шаќири, вицепремиерите Груби и Битиќи и министерот за финансии Бесими. Ќе бидат помогнати од Педагошката служба како орган на државната управа и други стратешки партнери на МОН. Информацијата за формирање на Советот е усвоена на владина седница, а предлогот е на ресорното министерство.

„МОН согласно направените анализи за состојбите во основното, средното и високото образование и наука, како и за обезбедување на учебници во Република Северна Македонија, а во насока на градење на јавни и транспарентни политики во образованието, со поддршка од Владата донесе одлука за формирање Совет за унапредување на образованието и науката.“

Познавачите на материјата гласно ја критикуваат одлуката за избор на членовите кои ќе бидат најтесно поврзани со работата на Советот за унапредување на образованието. Од СОНК коментираат – реформи се потребни, но не може политиките да се креираат без да бидат прашани и наставниците.

„Многу често знаеме да направиме проекти и да воведеме реформи коишто се тешко спроведливи и тоа нам нѝ дава за право да мислиме дека без согласност, односно без консултации со наставниците ниту една реформа не може да помине онака како што се очекува. Тоа би бил коментар којшто мислам дека многу сериозно треба да го сфатат и од Министерството за образование и комплетно сите претставници на Владата на чело со премиерот Ковачевски, да подразмислат дали можат да прават реформи без оние коишто треба да ги спроведуваат истите тие реформи.“

Во меѓувреме, наставата без учебници продолжува и ова ќе биде еден од првите проблеми за коишто решение ќе бара новиот Совет. Знаење се црпи од фотокопирани скрипти, а во некои училишта и нив ги нема. Продолжуваат ветувањата ,а календарските рокови повеќепати се пробиени.

 Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе