Вести Македонија

Ампева: Синдикатите и невладините организации во Европа и на Балканот бараат „Плата за живот“

Синдикатите и невладините организации во Европа и на Балканот, во услови на криза, од властите бараат „Плата за живот“, а не минимална плата, порача Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“.

Ланските калкулации за „Плата за живот“ покажуваат дека на едно четиричлено семејство изнесувала околу 52.000 денари. Овде се пресметани сите сметки, храна, облека, трошоци за здравје, култура, но и заштетени 10 отсто за решавање на непредвидени семејни проблеми. Македонските граѓани на крајот од месецот ќе дознаат колкава им е „Платата за живот“ со двоцифрената инфлација, за оваа година.

Мрежата „Клин клоуз“ веќе побара од Советот на Европа и од меѓународни институции да се разговара за „Плата за живот“ на граѓаните кои се членки во ЕУ. Ова е сосема нов концепт, кој треба да ги зголеми платите на работниците во приватниот и во јавниот сектор.

Невладината „Гласен Текстилец“ ги повика македонските синдикати и невладините организации да ја потпишат декларацијата за „Плата за живот“, која на владините претставници, Битиќи, Тренчевска и Лукаревска ќе им биде презентирана на Текстилијадата.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе