Вести Македонија

Меѓусебни обвинувања помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за злоупотреби на државни пари

Во Македонија најпрвин мораме да расчистиме со три основни заблуди околу неказнивоста на корупцијата, порача  пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

Ниту контраобвинување, контранавреда или напад не може да ги сокрие фактите. Вториот мит со кој што треба да расчистиме е неказнивоста на корупцијата, односно идејата за суперинтелегентни криминалци, односно дека повлекувањето на основачки удел ќе биде основ да не ја разгледуваме целата државна помош за фирмата која ја основал премиерот Ковачевски и неговиот кум Паунов. Станува збор за милиони државни пари, дури гледаме пари и од Фондот за иновации кои што се слевале во фирмата основана од Ковачевски и Паунов. И третиот мит со кој што треба да расчистиме е дека оние што ве довеле во криза, не можат да ве извадат од истата, рече Лефков.

Според него, Ковачевски и Паунов ја основале фирмата Пиксел груп пет месеци откако СДСМ доаѓа на власт, а неполна година подоцна таа отвара фабрика во Кочани за фотоволтаични панели, на чие отварање присуствувало цело СДСМ. Лефков обвини дека компанија основана од кумот на Ковачевски со СДСМ на власт добила 2 милиони евра државни тендери.

Најголемата порција, 12.531.359 денари им се префрлени на 29.12.2021. Ковачевски станува претседател на СДСМ на 12.12.2021, ЦО на седница на 27.12 го бира Ковачевски за мандатер на новата влада, 2 дена подоцна на 29.12, на новиот мандатар владата која што е во оставка, а е во оставка поради оставката на премиер, владата во оставка му префрла на два дена пред нова година 12.531.359 денари на фирма основата на Ковачевски. Ќе градиме мит за неказнива корупција во Македонија, за суперинтелегентни криминалци кои што успеваат со едно повлекување на основачки влог да се спасат од обвинување во Македонија, запраша Лефков.

Костовски пак тврди дека на јавноста ѝ е јасно дека овие обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ не држат вода.

Факт е дека Димитар Ковачевски истапува од сопственичката структура на Пиксел груп и точка. Пиксел груп има подеднакво право да учествува на пазарот на енергија, како и сите останати. Меѓутоа Димитар Ковачевски нема удели, нема влијание, факт е дека се уплашени од чесноста и посветеноста на Ковачевски и сега нормално на 5 дена ќе излегуваме со фабрикувани обвинувања, рече Костовски.

Според него Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе направат се за да ја дефокусираат јавноста, за да се зацврсти положбата на Мицкоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе