Вести Македонија

Крушево станува атрактивно и за планински велосипедизам со вело патеки долги 4,5 километри

Вљубеници во планинскиот велосипедизам  имаат нова содржина за рекреација и уживање во Крушево. Денеска од ски терените па до местото викано Бегова корија  беа промовирани  шест од вкупно седум велосипедски патеки во  должина од 4,5 километри направени  по меѓународни стандарди за планински велосипедизам.

-Направив еден круг, патеката  е многу интересна, нешто меѓу маратон и крос кантри патека. Има малку техники потешки  моменти, може секој да ја вози безбедно, Борис Стефановски, велосипедсит од Куманово

-Крушево нуди многу услови за меѓународно организирање на трки. Овој спорт е перфектен за Крушево, насекаде гледаме планина, рече Дуња Иванова од велосипедски клуб Енерџи Скопје.

Проектот беше најавен лани, а изградбата започна во мај годинава во соработка со стручен тим на швајцарски експерти. Оваа иницијатива е на  менаџментот на ски-центар Панорама,  со поддршка на Општина Крушево и Швајцарската агенција за развој и соработка.

-Драго ми е што успеваме едно ветување од пред година и половиан дека Крушево ќе добие улога во планински велосипедизам денекса да стане реалност, рече  Горан Дамовски, директор на Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.

И покрај сите потешкотии, ковид, економска криза, успеавме да стигнеме до крај да го резлизирма  епроектот и да ги изградиме патеките, со што Крушево го впишуваме во мапата за дестинации на велотуризам,  изјави Кочо Стојчески, сопственик на Ски Центар Панорама. 

Целта  е Крушево, освен што е препознатливо по  параглајдерството, да се  промовира и  како атрактивна дестинација за планински велосипедизам, за што веќе се мапирани велосипедски патеки во должина од 40 километри.

-Крушево станува привлечна дестинација за сите. Тоа е уште еден показател дека треба да вложуваме во планинснкиот велосипедизам и авантуристичкиот туризам , истакна Томе Христоски, градоначалник на општина Крушево. 

 Ваквиот тип на нови содржини ќе овозможи заокружување на можноста Крушево да е препознатлива дестинација  за четири сезони

-Го гледам Крушево како центар на авантуристичките форми на туристичка понуда токму на Пелагонискиот регион, тоа  е успешна приказна како треба да се работи, рече Љупчо Јаневски, директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот.  

 Денеска велосипедските патеки се отворија со првата крос-кантри велосипедска трка организирана од велосипедскиот клуб Оксижен и Велосипедската федерација на Македонија, на која учествуваа лиценцирани, хоби возачи, рекреативци и љубители на природата.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе