Вести Македонија

Социјалните мрежи „вријат“: Кајшаров ќе „исцелува“ во Скопје

Откако „самопрогласениот исцелувач“, Константин Тино Кајшаров, го најави својот настан во Скопје на кој како што вели на неговата фејсбук објава дека ќе „истерува демони и магии“, социјалните мрежи „вријат“.

Тој најавува дека настанот ќе се одржи денеска во Скопје од 18 часот но локацијата на кој ќе се одвива овој собир не се открива со објаснување до неговите следбеници дека просторот кој првично бил договорен немал доволен капацитет и дека за местото на „средбата“ заинтересираните ќе ги извести на „Вибер“.

За заинтересираните кои сакаат да бидат дел од средбата има оставено телефонски број на кој како што вели можат да се пријават, додавајќи при тоа дека интересот бил многу голем.

За контроверзниот надрилекар кој своевремено беше пејач, биоенергичар, кинезитерапевт и познавач на фреквенциите, многумина се чудат како и вакво нешто излегло во јавност, но и каде се институциите да реагираат, имајќи предвид дека дел од луѓето кои одат на сеанси кај Кајшаров постои можност да се луѓе со нарушено психолошко здравје злоупотребувани и доведени во заблуда.

По бројните реакции на јавноста што следеа по најавата за „исцелување и изгонување демони“ од страна на Константин Кајшаров, пастор од протестантската црква „Блага вест“, се огласија и од Комисијата за односи со верските заедници  од каде велат дека во демократски уставно-правен систем каков што е и тежнее да биде македонскиот, слободата на вероисповед и манифестации на својата вера е неприкосновено право на секој граѓанин, исто како што е неприкосновена и гарантирана полната слобода секој граѓанин да одлучи дали ќе биде дел од одредени манифестации на вера, ритуали и обреди.

Од таму информираат и дека стапиле во непосреден контакт со правното лице Доброволна заедница на физички лица христијанска црква „Блага вест“, регистриран верски субјкет во Единствениот судски регистар, и утврдиле дека лицето Константин Кајшаров кој самостојно ја информира јавноста за неговите активности кои ги дефинира како исцелување, ослободување од демони, проклетства и магии и за кои споделува видео прикази е одговорно лице, претседател и верско лице на Доброволната заедница на физички лица христијанска црква „Блага вест“ и како таков ги презема своите активности.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе