Вести Македонија

Коалицијата „ Менуваме“ го обвини претседателот на Сојузот на слепи за злоупотреба на функцијата и на парите што ги добиваат од државата

Националниот сојуз на слепи лица од МТСП на годишно ниво добива по 17 милиони денари, а тие средства ги злоупотребува претседателот Жарко Селковски, рекоа од Коалицијата „ Менуваме“, која ги застапува правата на лицата со попреченост. За злопупотребите, но и за нестручното работење на Селковски, Коалицијата дознала од членови на Сојузот и по спроведено истражување дошле до фрапантни сознанија.

  • Министерката не упати дека парични сретства се давале во Националниот сојуз за набавка на одредени ортопедски помагала. За жал тоа го немаме. НСС има две моторни возила кои не се ставени во функција, не се регистрирани, туку си користат сопствени возила. Исто така , согласно активностите на НСС, каде што се произведуваат Брајови книги. Тие, согласно Министерството за култура и Владата, треба да одат преку библиотеката како што е законски. Но, за жал , преку ноќ тендерот го добива несоодветна компанија. Сведоци сме, нема книги , а парите од Министерството за култура се повлечени и потрошени- Суарет Алишан- Коалиција „ Менуваме“.

Од Коалицијата го обвинија Селковски и за потрошени 6 милиони денари  од Спортската федерација за организирање шаховски кампови , наспроти потребата да се одржуваат ориентациски вежби. За, ангажирање со договор на дело во Сојузот на вработени во други институции, за отуѓување на стан во Охрид кој Сојузот го добил како донација , за издавање на простории во Сојузот на неговото здружение ЕСИ и за издавање за симболична сума на деловните простории  на Сојузот на кафеаната „ Даре Еснаф“ , без да биде спроведен тендер. Годинава , без подршка на членството Селковски спровел нелегитимен реизбор за претседател за што е започната постапка пред Управниот суд.

  • Бараме неотповиклива оставка од г-нот Жарко Селковски и неговиот тим до понеделник. Со мирен трансфер да ја предаде функцијата, да го свика Собранието  и на транспарентен начин да се изберат делегати и претседател- Суарет Алишан- Коалиција „ Менуваме.

А, претседателот на НССЛ со демант .

  • Апсолутно ги отфрлам како невистинити сите обвинувања од страна на Коалицијата „ Менуваме“. Во МТСП секој месец доставуваме финансиски и наративен извештај за работењето- Жарко Селковски- претседател на НССЛМ.

Наодите до кои дошле од „ Менуваме“ ги доставиле до Финансиската полиција, ДКСК и Јавното обвинителство и очекуваат да постапат.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе