Вести Македонија

Наташа Габер ќе се пријави и на новиот оглас прв човек на академија за судии и јавни обвинители

Откако првиот оглас пропадна без да се избере дирекотор актуелната директорка на Академијата  потрди дека ќе се пријави и на вториот оглас кој се уште не е распишан. Зошто првиот обид бил не успешен и членовите на управниот одбор не и дале поддршка ниту неа ниту на противкандидатката реше треба да одговоарт тие.

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Наташа Габер Дамјановска ќе се пријави и на новиот оглас прв човек на академија кој треба да се распише наредниот период Првиот пропадна бидејки членовите на управниот одбор кои се судии и обвинители не избраа ниту еден од двајцата кандидати, актуелната директорка  и судијката од Кривичен Олја Ристова. За тоа што колегите од управен без образложение не избраа нов директо Габер Дамјановска не сакаше да коментира.

  • Лично сметам дека за време на мојот четиригодишен мандат дадов многу и има многу големи резултати. Зошто и како УО не даде поддршка, мислам дека тоа е прашање кое треба ним да им го упатите, а не мене. Јас имав што да покажам како завршени работни задачи, како остварувања. Тие се оние кои треба да кажат зошто е таков нивниот став. Верувам дека во наредните месеци ќе се отвори уште еден конкурс, јас планирам повторно да се јавам и ако имате можност упатете го прашањето до членовите на УО – Наташа Габер Дамјановска, директор на Академија за судии и јавни обвинители.

Мандатот на Габер Дамјановска истекува на први декември. До тогаш  завршува и 7 та генерација со 59 академци- идни судии обвинители кои веќе до крајот на годината можат да бидат избрани како засилување во судовите и обвинителствата по бранот пензинирања поради недоснесните законски измени во собранието. Друго поголемо засилување со 97 академци ќе има за година и половина. Со меморндумот за соработка кој академијата денеска го потпипа со франацусата амбасада идните судии и обивнители учат и француски јазик

  • Новиот меморандум за соработка таргетира нови цели, една од главните е заштита на човековата околина и посебно инкриминирачките дејствија кои би резултирале за адресирање на проблемите во заштитата на животната средина, вели Габер.

Помош  од официјале Париз за правосудството беше најавена уште во мај годинава кога френацуска делегација имаше средба со министерот за правда и беше најаена интензивна соработка во на проекти  од сферата на борбата против криминалот, корупцијата и владеењето на правото.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Димитровска: Оформени се 45 предмети во врска на изборите од денот на нивно распишување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе