Вести Економија

Николовски: Фокусот е да го зголемиме домашното производство на храна

Следните години во делот на храната ќе бидат едни од најкритичните, и сметам дека во време на криза се носат храбри и тешки одлуки, рече министерот за земјоделство Љупчо Николовски во вечерашната Топ Тема на Телма. Николовски инсистираше дека владата уште пред пикот на енергетската криза и почетокот на војната во Украина, усвоила национален план за приоизводство на храна, во кој се вклучени стратегии, политики и нов систем на исплата на повеќе пари кај земјоделците. Министерот вели дека целта на националниот план и интервентниот фонд е да се зголеми производството на храна и да се намали увозот, и да се да се субвенционира тоа што ни треба да се произведува.

За само неколку месеци со пролетната сеидба се постигна 100 процентно зголемување на производството на сончоглед, благодарение на 40-те проценти субвенции, зелената нафта и закупот на државно земјоделско земјиште. Интересот ни покажува дека е три пати зголемен, а користењето на мерките го потврдува тоа, очекуваме 10.000 тони сончоглед годинава, двојно повеќе од лани. Ефектот го гледаме заради тоа што ги врзавме субвенциите за да се поддржи производството, нас ни е потребен за масло за јадење и сите мерки и полтиики се базираат токму на тоа, да го поддржиме производството, а не само површините. Фокусот е да го зголемиме домашното производство на храна кое ќе заврши во домашните преработувачки капацитети, рече министерот.

Запрашан за незадоволството кај голем дел од земјоделците, кое ги натера да излезат на протести и блокади, Николовски рече дека тоа не е случај само кај нас, туку земјоделците протестираат низ целиот свет, алудирајќи дека во Македонија протестите можеби се политички мотивирани.

Сакам да нагласам оризопроизводителите не излегоа на протести поради политички причини, туку поради тешката ситуација во која се наоѓаат, му одговори оризопроизводителот од кочанско, Стојче Ташевски.

Според него, трошоците за прозиводство се речиси идентични низ цела Европа, но оризот кај нас се откупува за половина од цената на светските берзи. Оризопроизводителите бараат 45 денари за килограм откупна цена на оризовата арпа, и нејзино прогласување за стратешка култура

Ние ја поставивме цената, таа треба да биде 45 денари за килограм продадена арпа, под таа цена ние сме под загуба. Значи ние треба да планираме обновување на механизација и нова сеидба за идната година, под цена од 40 денари оризопроизводството ќе замре на вие простори. Цената не ги задоволува производствените трошоци, инсистира Ташевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поништен е тендерот за прскање против комарци во Скопје, прескокнат е терминот за прскање за ларви, а комарците веќе се намножија

Дејан Дејан

Неоправдано и без основа е зголемувањето на цените на автомобилското осигурување, одлучи АСО

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе