Вести Македонија Топ вести

Енергетската стабилност во фокусот на утрешната средба Мицотакис -Ковачевски во Атина

Претпоставувам дека преку утрешната дискусија ќе произлезат идеи и начини кои уште повеќе ќе ја зајакнат стабилноста во нашиот регион и во енергетскиот дел, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во пресрет на утрешната средба во грчката метропола на премиерите на Северна Македонија и Грција.

Владина делегација од  Северна Македонија предводена од премиерот Димитар Ковачевски, утре ќе биде во еднодневна работна посета на Атина и ќе биде примена од претседателот на Владата на Грција Кирјакос Мицотакис, а Иконому истакна дека тие секогаш се подготвени да ги поддржат земјите од регионот.

  • Ние секогаш се стремиме за продлабочување на односите со нашите соседи и со Република Северна Македонија под предусов да се почитува договореното со меѓународните договори кои постојат. Енергијата е најголемиот проблем со кој се сочуваат сите народи во Европа. Нашата земја има енергетски помогнато земји од регионот. Подготвени сме да видиме како ова може да се стори и со други земји. Сакаме да сме центар на енергетска стабилност, енергетска безбедност и претпоставувам дека преку утрешната дискусија ќе произлезат идеи и начини кои уште повеќе ќе ја зајакнат стабилноста и во енергетскиот дел, пошироко во нашиот регион, рече Иконому на прашањето на дописничката на МИА од Атина.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе