Вести Македонија Топ вести

Раскинување на Договорот со Бугарија па уставни измени?

Дали доколку се раскине Договорот со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ ќе дадат поддршка за уставни измени? Мицкоски не одговори директно на прашањето на денешниот брифинг со новинарите, но навести таква можност велејќи, „ајде да успее референдумот, па прашајте ме повторно„.

Мицкоски тврди дека тие не се против тоа Бугарите да бидат дел од Уставот, но потенцира дека,  доколку остане вака како што е, тие треба да се случат на крајот од преговарачкиот процес, а не на почетокот. Со измени на почетокот, Договорот ќе стане легитимна алатка за понатамошни блокади.

Референдумското прашање, „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија“ е срочено токму така за да не му се даде алиби на собранискиот спикер да го опструира во собраниската процедура и затоа што сметаат дека овој Договор е изворот на сите проблеми. Мицкоски тврди дека со неговото  раскинување преговарачката рамка не станува беспредметна, туку само од неа се вади членот 5 алинеја 4.

Повика на семакедонско обединување, затоа што, како што вели, ова е најголемиот тест за македонскиот народ во поновата историја. Кампањата ќе се води под слоганот„Излези за Европа-не за асимилација“.

Но, претседателот на државата и премиерот сметаат дека референдумот е антиевропски. Зачудени се и од референдумското прашање и од најавата за можни уставни измени доколку се раскине Договорот со Бугарија.

Стоте потребни потписи за референдумот, кој ќе биде задолжителен, ќе бидат депонирани во ДИК утре напладне, а во петок иницијативата ќе се достави до Собранието, по што спикерот ја доставува до собраниските комисии. Со ова почнува процедурата за собирање на 150 илјади потписи, а очекувањата се дека референдумот би се одржал напролет.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно, особено претпладне нестабилно – Временска прогноза за 3.5.2024

Дејан Дејан

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе