Вести Македонија

Опозициско мнозинство во Тетово-БЕСА:ДУИ 12:11, ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ 4:2

ДИК соопшти дека во советот на Тетово влегуваат шест партии: Беса со 12 советници, ДУИ 11, ВМРО-ДПМНЕ 4, СДСМ 2 и Алтернатива и ДПА со по еден советник.

Според сите параметри (број на гласови, процент на гласови и советници) БЕСА е апсолутен победник во Тетово бидејќи сите овие параметри ги подобри од ланските избори кога имаше 8 советници, а сега има 50% повеќе или 12.

Во претходниот состав на Советот ДУИ имаше 10, Беса 8, ВМРО-ДПМНЕ 4, коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива 3, СДСМ 2 ДПА 2 и двајца советници од независна листа на тетовските граѓански и еколошки активисти.

Иако ДУИ изгуби, а има и помалку гласови од  лани, во процент на гласови порасна, а сега има и еден советник повеќе односно 11.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ остануваат на претходниот резултат, со четири односно два советника.

Но ВМРО-ДПМНЕ иако има помалку гласови го зголеми процентот на освоени гласиви и сега имаше над 11% освоени гласови (лани 10,6 %). Сепак остана на иста разлика во советнички места со СДСМ (4:2) додека владеачката партија го намали бројот на гласови и процентот. Како утешна награда социјал-демократите победија за градоначалник во Маврово Ростуше, додека во Тетово сега имаат подобар скор и од Алијанса и од Алтернатива и од граѓанската листа.

Во Советот сега влегува Алтернатива со еден советник, а и ДПА има еден советник (лани 2).

Алијансата на Албанците (имаше 3 советници досега) останува надвор од советот на општината која е многу важна за албанските партии. Само 15 гласа фалеле на партијата на Зијадин Села до влез во тетовскиот совет и да му одземе еден мандат на ДУИ.

Лани “расцветаа” пред се еколошки и урбани граѓански движења, какво што имаше и Тетово, сега тоа тетовско движење доживеаја рикверц и е на 8-мо недобитно место, освоија 761 глас или 4 пати помалку од лани (2.842 гласа). За влез во Советот им недостасуваа 31 глас.

Левица е девета и има помалку гласови и помал процент на освоени гласови од лани. ПЦЕР на Самка Ибраимовски пак настапи самостојно (лани во коалиција со СДСМ) не освои мандат, но освоените 371 глас вчера можеа многу да ја подобрат крвната изборна тетовска слика на СДСМ.

Бројките на советици покажуваат дека актуелната опозиција на државно ниво освојува 16 советници, а партиите од власта (ДУИ, СДСМ, Алтернатива и ДПА) имаат 15 советници и има мнозинство кое ќе зависи само од две партии БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ.

Победа на БЕСА, ситен математички пораз, но огромен симболички за ДУИ, тетовски раст на ВМРО-ДПМНЕ без разлика во советничкото конто, пад на СДСМ под Шара без разлика во советничкиот  двочлен состав, преживување на Алтернатива и ДПА, но и политичко бришење во Тетово за Алијансата и за граѓанската еколошка листа. Сето тоа го донесе вчерашниот изборен ден во Тетово каде најбројни беа оние што не гласаа, излезноста беше едвај нешто над 33 % или гласал секој трет запишан избирач.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе