Вести Македонија

Низок одзив на изборите за советници во Тетово

Тетовци денес изглегоа на повторно гласање за членови на Советот на Општина Тетово, откако предходниот состав не успеа да ја донесе и усвои завршната сметка за 2021 година. Се гласа за кандидатските листи на 11 партии и 2 групи избирачи.

Гласањето започна навреме во 7 часот. До 17 часот на гласање излегле 27.79% од граѓаните со право на глас.

Членови на Државната изборна комисија утрово направија увид, по што излегоа со оценка дека изборниот процес се одвива мирно и во демократски услови, со мали технички проблеми со биометриските апарати и описот на неколку избирачки места е истакнат само на албански јазик.

Од Општинската изборна комисија Тетово велат дека се работи за технички пропуст.

Граѓаните со поделени мислења, што очекуваат по оджувањето на овие вонредни локални избори. Се надеваат на подобри услови, но дел од нив сметаат дека ништо нема да се промени во однос на проблемите во градот.

На вонредните избори за членови на Советот на Општина Тетово се гласа на 117 избирачки места, а право на глас имаат 84.072 гласачи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе