Вести Македонија

Загатка на Русковска: Од актуелната влада немало притисок за состојбата со истрагата во финансиска полиција, но има и поранешни влади

-Не сум рекла дека сакам да бидам обвинител на Северна Република Македонија. Сите знаете дека тој е предлог на владата. Не верувам дека ќе бидам нивен предлог, рече обвинителката Вилма Русковска.

Во врска со притисокот, таа „не би сакала да верува во такво нешто,“

Прашање: Кој стои зад сево ова. Кој голем играч ?

Русковска: Еве би ве повикала вас новинарите и како истражувачи да откриете кој е во позадина.

Прашање: Вие се сомневате на некоја позадина ?

-Како обвинител не би сакала да поверувам дека некој политичар или полтика стои позади сето ова,рече Русковска, која на крај загадочно рече дека евентуален притисок не може да го поврзе со актуелната влада, но наведе дека има и поранешни влади.

-Од сегашната влада не е притисок. На почетокот, од владата имаше соопштение дека ја поддржуваат бробата против корупцијата. Затоа сметам дека асполутно не доаѓа од оваа влада. А ние сме многу влади претходно, рече Русковска пред Советот на Јавни обвинители каде ја даде својата жалба на одлуката за суспензија после претресот во Финансиската полиција и во кабинетот на поранешниот директор Арафат Муареми во средината на јули.

Русковска не очекува актуелната влада да ја предложи за нов државен јавен обвинител на местото на Љубомир Јовевски кој е кандидат за нов уставен судија, но има уште од 6-годишниот мандат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таравари: Сѐ уште е рано за да се каже кој колку министерства ќе води во идната Влада

Дејан Дејан

Доцни сеидбата на ориз во Чешиново Облешево

Дејан Дејан

Коѕијас ја критикува грчката влада за неспроведување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе