Вести Македонија

Бизнисменот Тодоровиќ призна „лажен исказ“ на судење против Никола Груевски, но за кривичното дело за кое е предвидена минимум 4 години затвор доби условна казна

Условни казни за Владимир Тодоровиќ и неговата сопруга кои се спогодија  со Обвинителството . Како што објави „Призма“ на БИРН тие беа обвинети за лажно сведочење  на судењето за предметот „Талир“, во кој Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Илија Димовски, Леко Ристовски и Елизабета Чингаровска се обвинети за незаконско стекнување на пет милиони евра за ВМРО-ДПМНЕ.

Тодоровиќ кој беше градоначалник на Центар и неговата сопруга беа обвинети дека на друга жена-сведок во случајот и дале две страници отчукани на латиница со исказ кој требало да го употреби и прочита на суд, а е спротивен на исказот даден во истрагата на СЈО, објави „Призма“.

Истрагата и предметот се однесуваа на парите, наводно партиски донации, кои биле  испрани  преку уплатници со ист ракопис што ги пополнувале во име на партиски членови, без нивно знаење.

Две години условна казна доби Тодоровиќ а неговата сопруга шест месеци. За лажен исказ за што беше обвинет бизнисменот (член 367 став 4, алинеја 3 од КЗ) е предвидена затворска казна од минимум 4 години затвор, а за  попречување на правдата дело за кое беше обвинета неговата сопруга, казната е од една до 5 години затвор (член 368-а, став 1 од КЗ на РСМ).

Одлуката за спогодба со признание на вина е склучена на 1-ви јули.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе