Вести Македонија

Реакција од Министерството за политички систем за отпуштањето на 33-ца вработени во Комунална хигиена

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, демантира дека вработените од ЈП „Комунална Хигиена-Скопје“ кои се отпуштени од работа биле рамковно вработени.

Од таму велат дека според одлуката на владата досега се распределени 1.349 административни службеници, од кои за 1.023 се реализирани трансфери, а за распределба на 137 административни служеници процедурата е во тек.

На 162-ца административни службеници работниот однос им е веќе прекинат по различни основи, и оттука преостануваат уште 27 административни службеници кои се во фаза на распоредување во зависност од потребите на институциите.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе