Вести Македонија

Ќе се повлекува учебникот Социологија за втора година гимназиско образование

Комисија формирана од Министерството за образование ќе предлага дали учебникот Социологија за втора година гимназиско образование ќе се повлекува. Комисијата има рок од 10 дена да го достави предлогот до ресорното министерство.

Формирањето на комисијата следи по забелешките од јавноста, особено од стручната фела, велат од таму. Овој учебник неодамна предизвика бурни реакции во јавноста поради неговата крајно дискриминаторска и ксенофобична содржина со етнички предрасуди и стереотипи во однос на наталитетот на помалите етнички заедници во земјава, односно за начинот на репродукција кај овие заедници.

Авторите Нелко Стојаноски, Зоран Матевски и Милева Ѓуровска посочуваат дека кај Ромите, Албанците и Турците има зголемена стапка на наталитет, заради необразованост, традиционален начин, и затоа се без контрола на раѓањето. Во изминатиот период беа донесени неколку одлуки за повлекување на одобрени учебници, за кои имаше реакции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе