Вести Економија Топ вести

Лебот достигнува вртоглави цени

`Ржаниот леб вчера достигна вртоглава цена од 93 денари, интегралниот од 84, а белиот на парчиња од 56 денари. Цените се нешто пониски во поголемите маркети, но речиси никаде веќе не може да се најде леб под 50 денари.  За една година, за одредени типови на леб, цената скокна за 100 отсто и не застанува тука.

Секој понеделник, граѓаните ги чека нов ценовен шок на рафтовите, но од мелничко-пекарската индустрија се неумоливи. Високите цени ги оправдуваат со поскапувањето на енергенсите и бараат државата да им ги субвенционира компаниите со цените на електричната енергија. Во спротивно, повторно најавуваат поскапувања.

Процедурата во  Стопанската комора за одговор на новинарско прашање е толку долга што, додека да се добие, цената на лебот поскапува уште еднаш. Единствени кои реагираат се од Сојузот на синдикатите на Македонија, кои ја обвинуваат владата дека ги остава граѓаните сами да се снаоѓаат како знаат и умеат во услови на пост-ковид, економска, енергетска и воена криза.

Владата не овозможи повисоки плати, но затоа овозможи повисоки цени на лебот. Од удобниte фотељи во климатизираните кабинети гледаат розов свет, а работниците не можат да си ги прехранат семејствата. Инфлацијата е 14,5%, a синдикалната минимална кошница за една година е зголемена за 5.498,00 денари. Цената на лебот за 1 година е зголемена за повеќе од 100%, на маслото за јадење за 94%, на горивата за 64,5 %, не електричната енергија за 9,4%, на гасот за 64,6%, не е намалена на ниту еден производ или енергенс, а зимата е на прагот, велат од Сојузот на синдикати на Македонија.

Од ССМ се револтирани од одбивањето на владата да се усогласат платите во јавниот сектор со минималната плата, со што, велат, постапуваат спротивно на Уставот и Законот за минимална плата. Сметаат дека, со најмалку 2.806 денари по вработен, ќе се амортизираше ударот од ценовните шокови што ги доживуваат работниците секојдневно.

За 3.400 денари од почетокот на годинава поскапе и потрошувачката синдикална кошница што ги содржи основните прехранбени продукти и пијалаци за едно четиричлено семејство, сметките за комуналии и трошоците за домот, за превоз, за одржување на здравјето, за набавка на неопходните облека и обувки и минимум за култура и рекреација. Во јуни таа изнесуваше 39.710 денари. Ова значи дека, нејзиното полнење е невозможно и со две нови минимални плати од по 18.000 денари.

Само за основните продукти се потребни 17.613 денари. Од другата половина, третина се троши за плаќање на сметките. За другите потреби на семејството, предвидени се ситни пари. На пример, за одржување на здравјето на оние кои имаат примања колку кошничката, им остануваат помалку од 800 денари. А тука ги нема кредитите кои ги отплаќаат огромен број домаќинства.

Во меѓувреме, од владата молчат и не откриваат дали и какви антикризни мерки ќе има наесен.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе