Вести Македонија

Специјалци “Тигри” апселе насилник кој во сообраќајна расправија нападнал семејство со деца

МВР соопшти дека е уапсен насилен скопјанец кој на улица кај Бит пазар нападнал семејство кое се наоѓало вп автомобил поради несогласување во сообраќај.

Веднаш по инцидентот полициски специјалци го уапсиле насилниот шофер кај кого е најден и нерегистриран пиштол.

Судот му определи 30- дневен притвор по поднесена пријава за две кривични дела. МВР објави соопштение со детали за настанот:

Денеска (03.08.2022) од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал, поднесена е кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје против Б.Ф.(36) од Скопје за две кривични дела, и тоа “насилство” по чл.386 и “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали по чл.396 од Кривичниот законик.

Тој на 02.08.2022 околу 17.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнал З.Т.(42) од Скопје, по што го оштетил и неговото возило „тојота аурис“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле и сопругата на З.Т. и нивните две малолетни деца. Од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ околу 17.30 часот Б.Ф. бил лишен од слобода, а кај него бил пронајден и пиштол. Од страна на Судија на претходна постапка на лицето му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе