Вести Македонија

Шпанската влада бара каталонскиот јазик да биде прв регионален јазик во официјална употреба

Шпанската влада бара од Европскиот парламент да разгледа моќност за употреба на каталонскиот јазик и доколку тоа помине тоа значи дека ќе стане првиот европски регионален јазик во официјална употреба во таа европска институција.

Мадрид ќе претстави „технички и финансиски изводлив“ предлог до комисијата на ЕП во Брисел и ќе работи заедно на предложената промена.

Централните шпански власти и регионалната влада во Каталонија се надеваат дека предлогот ќе биде усвоен до крајот на годинава.

Шпанија е подготвена, доколку тоа го сакаат другите две регионални влади во Баскија и Галиција, да побара од ЕП да ги вклучи на листата на официјални јазици – баскискиот и галицискиот  јазик, сроден на португалскиот.

За еден јазик да стане официјален потребно е тоа исклучиво да го побара една земја членка на ЕУ и да добие зелено светло од Советот на ЕУ, објасни портпаролот на Европскиот парламент.

Каталонскиот, заедно со шпанскиот, е широко користен во Каталонија и во два други соседни региона. Каталонскиот јазик беше потиснат од употреба за време на диктатурата на генералот Франциско Франко од 1939 до 1975 година.

На листата на официјални јазици во ЕП во моментов има 24 јазици.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе