Вести Македонија

Вода од водовод или флаширана?

Над 91 процент на домаќинствата користат вода од јавен водовод,  додека над 12 илјади или над два проценти од домаќинствата користат флаширана вода за пиење покажува сет на податоци од Пописот на население во 2021 година.

Од вкупно 598 632 домаќинства, најголемиот дел или 547 114 имаат вода во станот со приклучок од јавен водовод, 1 674 имаат чешма во дворот приклучена на јавен водовод, 567 имаат вода од улична чешма со вода од јавен водовод.

Околу шест проценти од домаќинствата во земјава користат вода од посебен извор. Најголемиот дел од нив 24 229 имаат вода во станот со приклучок на сопствен хидрофор, 4 830 користат вода од копан бунар, 4 720 вода од улична чешма со вода од посебен извор, 1 835 имаат вода од дупчен (цевчест) бунар, додека 510 користат вода од цистерна без филтер, а 311 вода од цистерна со филтер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе