Вести Македонија

Собранието го потврди Зоран Попов како нов амбасадор во Вашингтон

Досегашниот државен секретар во Министерството за надворешни работи, Зоран Попов, како предлог за амбасадор во САД го помина филтерот на Собранието.

Пред членовите на Комисијата за надворешна политика, на затворена седница, поради информации од доверлив карактер, Попов ги презентираше своите тези за дипломатската мисија во САД.

Попов ќе го пополни испразнетото амбасадорското место во САД по повеќе од четири години пауза од заминувањето на претходниот амбасадор Васко Наумовски.

Помеѓу новите амбасадори, кои пред Комисијата треба да ги претстават своите тези се и новите амбасадори во Канада – Агрон Буџаку (поранешен амбасадор во Франција и екс директор на ЦУК), во Кралството Норвешка, Дритон Куќи, во Словачка – Евгенија Илиева и во Кралството Белгија, Методија Белевски.

МНР информира дека за уште тројца амбасадори се добиени агремани и во тек се нивните подготовки за преземање на должноста и барањето до Собрание за закажување на седница на Комисијата за надворешни работа.

Актуелниот директор на тајната служба АНБ Виктор Димовски ќе биде амбасадор во Франција, додека жешкото столче во Софија треба да го преземе Агнеза Руси. Поранешниот министер за одбрана Јован Манасијевски ќе биде нов амбасадор во Турција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе