Вести Македонија

Петнаесет студенти ќе добијат стипендија од Универзитетот за туризам и менаџмент

Општина Делчево го објави Конкурсот за доделување стипендии за упис на додипломски студии во академската 2022/2023 година на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, кои ќе важат за период од четири години заклучно со 2026 година.

-Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, доделува 15 стипендии во износ од вкупно 7000 евра, од кои во прва година стипендиите се во вредност од 1000 евра, а во втора, трета и четврта година по 2000 евра. Стипендиите важат за запишување на Факултет за туризам, Економски факултет, Факултет за меѓународен маркетинг менаџмент, Факултет за менаџмент на човечки ресурси и Факултет за информатика, информираа од Општината.

Согласно со јавно објавениот Конкурс, право за конкурирање имаат сите средношколци кои завршиле средно образование во СОУ „Методи Митевски Брицо“ Делчево и се жители од Општина Делчево и државјани на Република Северна Македонија.

-Предност во доделувањето на стипендиите ќе имаат одлични ученици, ученици од социјално загрозени семејства, ученици кои се деца без родители и ученици од ранливите категории граѓани, додадоа од Општината.

Конкурсот е отворен до 3 август оваа година, а повеќе информации за потребните документи се објавени на општинската веб-страна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе