Вести Македонија

Членство на Шведска и Финска во НАТО ги стави на иста страна пратениците од власта и опозицијата

Сите гласаа „за“ поддршка за зачленувањето на двете скандинавски земји Шведска и Финска во НАТО на собраниската комисија за надворешна работа.

Едногласни беа пратениците и од власта и од опозицијата, оценувајќи дека станува збор за две пријателски земји кои отсекогаш и давале поддршка на Република Северна Македонија од нејзиното осамостојување, како и за нејзините евро-атлантски аспирации.

Според пратениците од опозицијата, со членството на Шведска и Финска во НАТО ќе се зајакне безбедносната архитектура во Скандинавскиот дел на Европа и тоа ќе претставува додадена вредност за Алијансата.

Пратеничката Соња Мираковска, од НСДП, поддржувајќи го потпишувањето на протоколите, изрази надеж дека утре тие едногласно ќе поминат и на пленарната седница.

Шведска и Финска со децении се неутрални држави и беа надвор од воените блокови на граница меѓу НАТО и Варшавскиот пакт. Воената неутралност ја задржаа и по распадот на источниот советски блок, но по агресијата на Русија врз Украина во февруари оваа година, двете држави го сменија ставот и побараа членство во Северно-атлантската алијанса.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе