Вести Македонија Најважни

Прва меѓувладина конференција ЕУ – Македонија во Брисел

Седумнаесет години по добивањето на кандидатскиот статус, Македонија денеска во Брисел ја одржа Првата политичка меѓувладина конференција, и го отпочна процесот на скрининг, со што вообичаено и формално се означува процесот на пристапување. Но за Македонија тоа е условено, со менување на Уставот, за во него да бидат внесени Бугарите. Тоа во воведната изјава на ЕУ го порача и министерот за надворешни работи на Чешка, актуелниот претседавач со Унијата.

Македонскиот премиер вети посветена работа во процесите кои следуваат, а во кои порача „мора да се водат со безусловно почитување на иденетитеските прашања“, и дека за нив и за историјата нема да се преговара.

Но Брисел ги знае грижите и клучните контроверзи кои ја следат преговарчката рамка, како и усвојувањето на Протоколот со Бугарија кој беше услов да се одржи и Првата меѓувладина конференција. Претседателот на Европскиот совет високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел, порача дека засебноста на македонскиот идентитет никој не може да ја загрози и не ѝ требаат заклучоци за заштита.

Процесот на скриниг стартува, рече еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи. Клучните предизвици се во областите кои во преговорите први би се отвориле, а последни би се затвориле, новиот кластер теми, владеењето на правото, борбата со корупцијата. Но до таа втора фаза на отворање на поглавјата условот е менување на Уставот – потсети Вархеи.

Еврокомесарот Вархеи не одговори што доколку не се смени Уставот, што тоа ќе значи за преговорите и за односите Македонија – ЕУ, не објасни ниту како Европската комисија ќе спречи било што од годишните извештаи за спроведување на Договорот за добрососедство со Бугарија, да биде пречка за текот на преговори. Но упати повик за конструктивност до опозицијата.

Според премиерот Ковачевски, дали ќе има отворање и на следната страница, што пак, во пракса би значело отворањето на преговарачките кластери, е одговорност на сите политичари во земјата. Директно прашан што ќе направи за консензус кој сега го нема туку напротив – опозицијата не само што најавува дека нема да гласа за промени на Уставот, туку најавува и референдум против последниот Протокол со Бугарија.

Сите пораки и од европските и македонските челници се дека денеска е историски ден. За предизвиците со условената втора меѓувладина конференција охрабрување да се надминат. За домашните има безмалку една година. Унијата, пак е веќе исправена пред првиот тест: потпишувањето на договорот за ФРОНТЕКС, кое досега се одложуваше со години, поради противењето на Бугарија тоа да се случи на македонски јазик.

Боби Христов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе