Вести Македонија Топ вести

Василев: Математички има мнозинство да се усвои францускиот предлог во бугарското Собрание

Бугарскиот политички аналитичар Илијан Василев, по изгласувањето недоверба на владата на Петков, вели дека постои можност да се формира ново мнозинство и нова влада, но предурпедува дека таа би била нестабилна. Очекува нови предвремени парламентарни избори наесен.

Тоа е карактеристичното на сегашната состојба во Парламентот што ГЕРБ можат да ја симнат владата, но не можат до формираат влада. И во таа смисла не можат да сметаат дека ќе се вратат на властсо сегашниот парламент, вели Василев.

Во однос на тоа дали постои мнозинство во бугарското Национално Собрание, да се одобри францускиот предлог, имајќи во предвид дека и ГЕРБ и Движењето за права и слободи поднесоа такви иницијативи, Василев вели дека математички има мнозинство тој да биде усвоен.

Проблемот е што Петков рече дека тоа ќе биде усвоено само кога ќе има едногласност, или консензус, а консензус нема шанси да има ако се бараат и гласовите на партијата „Преродба“, која е проруската партија, смета Василев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе