Вести Македонија Најважни

Историјата, говорот на омраза, жртвите од комунизмот спакувани во билатерален протокол – дел од Францускиот предлог и Самуил како признат буагрски цар од двете влади

Францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Бугарија и РС Македонија се состои од три независни документи кои само целосно прифатени одговараат на прашањето дали Македонија е подготвена да започне преговори за членство во ЕУ. Ова го пишува бугaрската новинска ганеција откако во целост ја објави содржината на документите.

Со првиот документ, нацрт-заклучоците на Советот, се вели дека темата „билатералните односи Скопје-Софија“ ќе биде дел од преговарачкиот процес. Овој документ, како и вториот документ, преговарачката рамка, се однесуваат на трет, клучен документ – билатерален протокол, во кој нема ништо француско и е целосно производ на договор меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји, пишува БГНС . Ова е всушност патоказ со конкретни заложби и чекори кои Скопје мора да ги исполни како возврат Бугарија да го укине ветото.

Во овој трет документ се наведува дека билатералниот протокол ја вметнува историјата како услов на преговарачкиот процес односно дека Скопје се обврзал да ја усвои веќе усвоената формулација од Заедничката историска комисија во врска со цар Самуил како бугарски крал, веднаш менувајќи ги знаците и натписите на неговите споменици во земјата и на Самуиловата тврдина во Охрид.

Пред свикување на Првата меѓувладина конференција, Скопје се обврза да ја усвои веќе усвоената формулација од заедничката историска комисија во врска со цар Самоил како бугарски цар, по што треба да ги промени натписите на спомениците и на Самоиловата тврдина во Охрид, пишува „БГНЕС“.

Но, ова нема да биде единствениот протокол, наведува медиумот. Бидејќи овој Протокол не е потпишан и најверојатно ќе има дополнувања и појаснувања кои треба трајно да ги отстранат сите спорови меѓу двете земји кои се однесуваат на периодот од почетокот на 20 век до средината на минатиот век, дел од истријата поврзана со историското ВМРО и деецот Гоце Делчев.

Вториот корпус усогласувања од билатералниот протокол се во насока на говорот на омраза за која двете страни треба да потпишат дека се обврзуваат да превземаат конкретни акции во случајна пропаганда, без да се објасни којa институција или орган ќе го пријавува а потоа и санкционира говорот на омраза.

Двете страни ќе преземат ефективни мерки за спречување на недбронамерна пропаганда од институции и агенции и ќе ги обесхрабрат активностите на приватните субјекти насочени кон поттикнување насилство, омраза или други слични дејствија кои би можеле да им наштетат на нивните односи, стои во делот на билатералниот договор

Темата „Историја“ е последна наведена во документот и пропишува дека двете страни ќе се придржуваат до текстви одобрени од Заедничката меѓувладина комисија како основа за организирање, заеднички или поединечно, прослави, како и придржување до нив во јавните говори и изјави за заеднички историски настани и личности за кои се организираат прославите. Во oвој дел обврзувачки се наведува и промената на учебниците со почетен и краен рок.

Двете земји, најдоцна до учебната 2024-2025 година, да ги променат, онаму каде што е потребно, сите учебници по историја во наставната програма за да ги одразат досега постигнатите резултати од работата на Комисијата, во согласност со чл. 8 ст. 2 од Договорот, пишува во билатераелниот договор

Билатералниот договор кој како трет докумeнт станува услов за тргање на ветото пропишува постигнување одржливи резултати во спречувањето и одговорот против манифестациите на говор на омраза кон Бугарија и Бугарите во Република Северна Македонија во медиумскиот простор, вклучувајќи и во онлајн и социјалните медиуми, во Република Северна Македонија.

Од македонска страна доколку се потпише и прифати ќе обврзува и слободно остварување на правата на Бугарите во Република Северна Македонија за слободно изразување, зачувување и развивање на идентитетот и специфичните карактеристики на нивната заедница, како и слободно користење на симболите на нивната заедница. Документот на крај предвидува да биде потпишан во два оригинални примероци, секој на официјалните јазици на земјите – бугарски, според Уставот на Република Бугарија и македонски, според Уставот на Република Северна Македонија, двата текста со еднаква сила.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе