Вести Македонија

Бугарин од Холандија со интернет закани за Ламбе Алабаковски

Од ФБ профил со име на Борис Каравелов на повеќе постови на ТВ Телма на социјалната мрежа Фејсбук се посторани заканувачки пораки кон притворениот Ламбе Алабаковски. Заканата се состои од една реченица, а профилот на Каравелов дозволува отварање на една фотографија и на пост со латинска поговорка.

Како место на живеење на ФБ профилот е наведено предградие на холандскиот град Бреда.

Веб редакцијата го пријави случајот и заканите на адресата на МВР за пријавување на кибернетички и информатички кривични дела меѓу кои спаѓаат и закани по интернет и по социјални мрежи.

И повеќе други медиуми објавија за слична појава на заканувачки коментари кому вечерва му е определен 8-дневен притвор поради палењето на влезната врата на бугарскиот културен центар Ванчо Михајлов во Битола.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дебата на ТЕЛМА: Претседателските кандидати Пендаровски и Силјановска пред вториот изборен круг

Дејан Дејан

Излетничките места полни со граѓани за 1-ви Мај

Дејан Дејан

Европски фронт и Вреди уште не решиле дали и за кого ќе гласаат на вториот круг претседателски избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе