Вести Македонија Топ вести

Нема напредок во разговорите со Бугарија

Во Софија, меѓупартиските разговори за развојот на односите со Македонија и шансите за кревање на ветото, не ги организира претседателот Румен Радев туку премиерот Кирил Петков. Тој закажа состанок на Коалицискиот совет на кој се очекува да им објасни на партнерите во Владата како течат преговорите и зошто побарал претседателот да го свика Советот за национална безбедност. Радев не гледа причина за таков состанок, со став дека „не треба да има пазарење за човекови права“. Има поддршка кај дел од владеачките партии, кои немаат единствен став по прашањето на Македонија. Партијата на Слави Трифонов нагласува дека ќе го сослуша Петков но нема намера да го смени ставот, како и социјалистите кои ниту гледаат напредок во разговорите ниту причина за тргање на ветото. Некои изразија сомневање дека Петков е подготвен на отстапки, а тој возврати дека сам не би можел да донесе одлука поинаква од резолуцијата на Народното Собрание, бидејќи е неопходен широк консензус.

Недостигот од напредок го потврдуваат и Скопје и Софија. Премиерот Ковачевски вели дека `се уште нема заеднички прифатлив договор и дека по прашањето за почеток на преговорите со ЕУ, не сака да се врзува со датуми.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски повторно го повика Брисел да изврши притисок врз Бугарија. Смета дека европските земји „како што се обединија против војната во Украина, така треба да се обединат и против политичката агресија што Бугарија ја врши врз Македонија“.

И еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, минатата недела ги повтори своите очекувања Бугарија да даде зелено светло за преговори со Македонија пред европскиот самит во јуни.

До сега, такви најави нема. Отворените прашања не беа затворени ниту во Рим, на средбата на премиерите Ковачевски и Петков, кои ги предводеа делегациите на одделното чествување на празникот Кирил и Методиј.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе