Вести Економија Код Македонија Топ вести

КОД: БЕГ и РКМ договориле зделка со мазут пред 2 дена, а во спогодбата пишале дека важи од ноември лани

Во утрешното издание на емисијата Код, „Како и зошто владата го спасува БЕГ“,  истражување за состојбите со БЕГ и Тето како и за свежо потпишаниот договор со РКМ на Ратко Капушевски.

Секогаш кога БЕГ ќе остане без гас, мора да има втора опција на која ќе продолжи да работи а тоа е единствено мазутот. Но ако се погледне во јавните набавки таков договор бег склучил со фирмата РКМ на 20 ти јануари.

Оваа фирма за која претходно КОД пишуваше дека во неколку наврати има увезувано опасно масло а не мазут сега и во договорот навела дака ќе дистрибуира мазут со под 1 процент сулфур колку што е законски дозволено.

Фирмата е во сопственост на Ратко Капушевски, поранешен директор на СЦ Борис Трајковски, како и поранешен директор во фирмите на Сегеј Самсоненко.

БЕГ со РКМ склучила договор за набавка на 52,1 милиони литри мазут во вредност од 40 милиони евра, преку рамковна спогодба по цена од 39,26 денари за килограм мазут, постигната без објавување на оглас.

Но интересно е што и договорот важи ретроактивно. Тој е потпишан во четвртокот но во него се вели дека РКМ треба да го снабдува БЕГ со мазут уште во ноември но лани. Наведени се дури и прогнози за предвидени количини кои би требало да затребаат за веќе поминатите месеци ако БЕГ снема гас.

Така обврската која БЕГ ја има-да има резервна варијанта сега е исполнета и тоа на само два дена пред државата да го преземе раководењето со неа. Инаку БЕГ распишал оглас за набавка на мазут на крајот на ноември но според податоците на е – набавки никој не се пријавил да го снабдува па обидот пропаднал.

По објавувањето на информацијата, БЕГ се јави со реакција дека досега „ниту килограм мазут нема да се потроши и плати, набавката е законска обврска за обезбедување резерви“.

Согласно член 153 од Закон за енергетика, Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ како регулиран производител на топлинска енергија е должен во текот на грејната сезона да обезбеди оперативни резерви од алтернативно гориво во количина којашто е потребна за најмалку 15 дена работа со максимален капацитет.
Според оваа обврска, нашата компанија, секоја година објавува јавен повик за набавка на алтернативно гориво, кое би се користело исклучиво во случај ако има прекин на испорака на природен гас за работа на топланите.
Досега, од 2013 година кога целосно се гасифицирани топланите со кои управува Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ, не е потрошен ниту 1 кг мазут, ниту пак во одлуките за цена за греење донесени од страна на Регулаторната комсија за енергетика и водни услуги се одобрени трошоци за набавка на мазут.
Склучената рамковна спогодба за набавка на алтернативно гориво е реализирана после два неуспешни јавни повици за набавка на алтерантивно гориво. Таа е необврзувачка за Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ и нема никакви финансиски импликации доколку не се набави гориво по истата, односно доколку нема прекин на испорака на природен гас до топланите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе