Економија

Слаб интересот за одгледување органска храна

Глобалните предизвици за сигурноста на храната не биле толку сериозни со години, е оценката на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации. Причина за тоа е пандемијата со Ковид-19 и климатските промени. Најзасегнати се новите генерации кои ќе живеат со директните последици од климатските промени и нефункционалните земјоделско-прехранбени системи, предупредува Организацијата на светскиот ден на храната.

И Македонија не е исклучок од светските трендови. Производителите на органска храна велат дека расте свеста за важноста на органската храна кај нас. Сепак новите генерации и ретко се одлучуваат за производство на истата.

Треба многу повеќе. Сметам дека младите не се баш толку многу заинтересирани за општо производство не па органско и сметам дека тука малку повеќе треба да се поработи на мотивација на тие луѓе, како од институциите и треба да се направи пазар кој ќе го подржи сето тоа, вели Горан Балески, производител на органска храна.

Биодиверзитетот е многу важен смета Неделковски кој се занимава со одгледување на кози и производство на козји млечни производи. Заедно со повеќе производители на органска храна ги претставија своите производи во Public Room и ги споделија предизвиците со кои сега се соочуваат.

Тоа е врзан синџир бидејќи се занимаваме со тоа и ги следиме работите ние сме зависни од сточната храна, сточната храна од ѓубривото, а тоа е зависно од нафтата, така што тие работи се комплексни, вели Давид Неделковски, производител на органска храна.

Според податоците на Организацијата  за храна и земјоделство на Обединетите нации дури и пред Ковид-19, стотици милиони луѓе ширум светот беа погодени од глад – и тој број се зголеми во последната година до 811 милиони, и покрај тоа што светот произведува доволно храна за да не нахрани сите. Во исто време, 14 проценти од храната што се произведува се губи, а 17 проценти се фрла.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, се намалува само цената на мазутот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе