Вести Македонија

Барок палата со базен и балкон ќе градел на Водно екс премиерот Груевски, тврди обвинителството во „Плацеви на Водно“

Голема палата во барок стил со базен и огромен балкон сакал да изгради екс премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на Водно.

На денешното рочиште на судењето за плацевите на Водно, обвинителката Лиле Стефанова го презентираше архитектонскиот план како доказ против Груевски. Објектот требало да биде на два ката со големи столбови и скали кои воделе до влезот, а според Стефанова Општина Центар дала одобрение за градба во 2011 но на фирмата ИТК инженеринг.

Таен сопственик требало да биде Груевски, но во 2020 та ваквото решение е прогласено за ништовно оти замокот не почнал да се гради во предвидениот рок.

Во обвинението за спорната купопродажба на речиси 3 илјади квадрати земја на јавно наддавање од Министерството за транспорт се опфатени и екс началникот на УБК и братучед на Груевски, Сашо Мијалков и бизнисменот Орце Камчев.

Тие се бранат од притвор, а денеска Камчев повторно се пожали за односот кон него во затворот.

Готово вештачењето  за Империја

Притворениот Орце Камчев денеска се пожали на понижувачки однос во затворот Шутка затоа што на 5-ти октомври пред да биде носен да даде исказ за случајот „Империја“ во Обвинителството за гонење организиран криминал бил претресуван со лисици и како што кажа униформираните полицајци се изживувале со него.

-Бев претресуван надвор од зградата, меѓу двете комбиња и се исмејуваа затвореници надвор, од прозорите. Значи не во внатрешен дел, туку на трева. И прв пат ми беа лисиците позади грб врзани и стегнати, па не можев да седам во комбето бидејќи клупата беше само 20-30 сантиметри и цело време се седеше на земја. Беше едноставно изживување. Толку сакам да кажам. Тоа се констатираше отпосле и со повредите на рацете и го пријавив настанот во Обвинителството, рече Орце Камчев пред судот денеска.

Камчев, но и други осомничени и сведоци во случајот „Империја“ на поранешното СЈО, беа викани или носени на распит откако е готово финансиското вештачење на овој обемен предмет.

Вештачењата според Фокус го извршиле пет универзитетски професори, чии имиња се чуваа во тајност, поради страв од можни притисоци врз нив. Вештачењата се доставени во обвинителството по што почнал распит на лица во својство на сведоци и осомничени, информираше Фокус повикувајќи се на одговор од обвинителството.

На „Дрисла“ се горел токсичен отпад без соодветна инсталација велат од ДИЖС – од менаџментот ги отфрлаат обвинувањата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе