Ковид19

Текстилните работници ќе се вакцинираат против Ковид-19 во Штип

Во штипскиот масовен пункт за имунизација против Ковид 19 ќе влезат и текстилните работници, но и од другите индустрии во приватниот сектор. Здравствените власти побарале компаниите од штипскиот и струмичкиот регион да направат списоци, кои од нивните работници сакаат да се имунизираат. Во штипскиот регионален вакцинален пункт дневно се вакцинираат над 1.500 граѓани.

Жителите на штипскиот и струмичкиот регион преку матичните лекари се информираат, кога се спушта возрасната граница за имунизација. На пунктот пристигнуваат граѓани над 60 години  од сите градови на дватат региони, едни се пријавиле на апликацијата на министерството, други дознале од матичните лекари или од свои блиски пријатели.

Покрај имунизацијата на регионалниот пункт, здравствените власти го  вакцинираат и возрасното население  над 70 години во нивните матични општини. Инаку старосната граница на пунктовите опаѓа, согласно заинтересираноста, но и колку во еден регион доминира повозрасната популација

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пановски: По сите основи сме далеку од здрава нација – обложувалница како главен “спорт“, а 70 посто од општеството на раб на сиромаштија

Tea Dimkovska

АстраЗенека ги повлекува своите вакцини против коронавирус ширум светот

Дејан Дејан

Нема кој да ги контролира авионите на лондонски Гетвик – сите вработени се болни од ковид – откажани стотици летови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе