Аеродромот Гетвик во Лондон откажа стотици авионски летови, откако меѓу вработените во контролата на летање се рашири ковид. Практично има недостиг од работници поради болеста.
Дури на 25 илјади патници кои од лондонскиот аеродром Гетвик требаа да полетаат кон Шпанија и останатите дестинации, но им се откажани летовите.
Пред два дена, бранот на ковид инфекции ги откажа летовите на шпанската компанија Вуелинг од неколку шпански аеродроми кон Велика Британија.
Особено се погодени летовите на EasyJet на кои Гетвик им е матичен аеродром, но откажувања ќе претрпат и летовите на Ryanair, TUI и Wizzair.
Најголем број откажувања ќе има во петок на 29 септември, при што се засегнати 33 поаѓања. 30% од персоналот во одделот за контрола на летање се болни поради различни причини, вклучително и СОВИД-19, се вели во соопштението на аеродромот.