Вести Ковид19 Македонија

Се враќаат маските за Ковид – задолжително ќе мора да се користат во болници и амбуланти

Нема препорачана изолација за позитивните ама маските повторно се враќаат како задолжителна мерка. Ќе важи само за во болниците и амбулантите.

Комисијата за заразни болести одлучи да реагира по денешниот состанок на кој се разгледувала состојбата со Корона во земјата и во регионот.

Во моментот актуелна е мутацијата на омикрон наречена „Ерис“.

„Најчесто симптомите се поврзани со течење на носот, болки во грлото, покачена телесна температура и малаксаност. Многу наликува на секоја друга настинка. И многу ретко се инфицираат долните дишни патишта. Останува како горнореспираторна инфекција. Нема голема разлика од останатите Омикрон варијанти. Во однос на изолацијата, не препорачуваме такво нешто. Не препорачуваме да се издаваат решенија за забрана за движење. Напротив, ова ќе го третираме како секоја друга болест којашто е ендемска, како што е грипот“ вели д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

Мал е бројот на оние коишто се тестирани позитивни, велат од Комисијата. Јасно е дека сега и степенот на тестирање е значително помал од пред една година. Тогаш во август беа изброени над 12 илјади случаи.

„Во Србија е потврден „Ерис“, но таму знаете дека има значително поголем број случаи коишто даваат поголема количина на инфективен материјал и може да се детектира во помали трагови. Кај нас поради тоа што сѐ уште имаме мал број на случаи споредено со август во 2022 година кога имавме 12300 случаи, сега имавме само 112 случаи. И не може толку лесно да се собере инфективниот материјал којшто треба да се обработи“ појаснува д-р Мехмедовиќ.

На Инфективна во моментов се хоспитализирани седум пациенти и истите се на кислородна поддршка. Повозрасни се, а токму за таа категорија на граѓани и важи апелот на надлежните – да се имунизираат со нова доза на вакцина.

Користење на маски во јавен превоз и во аптеки засега е само на ниво на неформална препорака.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе