Вести Избори 2020 Македонија Најважни

04. 46 часот, ДИК: СДСМ 46 , ВМРО ДПМНЕ 44 мандати, ДУИ – 15, Левица -2

Првичните проекции за резултатите од вонредните парламентарни избори покажуваат минимална предност на коалицијата “Можеме” на СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ од два пратеници повеќе 46 наспроти 44, од преброени 96 отсто од гласачките ливичиња или 3459 од 3480 избирачки места. Резултатите се појавија на офицјлната страница на државната изборна комисија откако преку целиот избирачки ден таа беше хакирана, а детали се објавува на јутуб кналот на ДИК. Ажурирањето отпочна рано изутринава.

15 пратеници во новиот состав на Собранието ќе има Демократската Унија за интеграција, Алијансата на албанците 12, Левица сепка по првично обајвените резултатеи разоно изитринава останува со  два (еден во ИЕ 1 и 1 во ИЕ 3), а  пратеници стануваат  Димитар Апасиев во првата изборна единица,   и Борислав Крмов во тројка, а  Демократската партија на Албанците  освои 1 пратеник.

Во првата изборна единица, СДСМ со поледните пребројувања рано изутрнива и направената промена во официјалниот софтвер кој беше хакиран сега наместо 7 има 8, со што ја зголеми разликата кон ривалот ВМРО-ДПМНЕ кои имаат 7 пратеници , ДУИ  наместо 3, со последдното пребруванје загуби и сега е со 2, додека Алијансата на албанците останува на 2 и Левица 1.

Во втората изборна единица, СДСМ и , ВМРО-ДПМНЕ освоија по  7, додека  ДУИ  и Алијансата за албанците изедначени со 3 пратеници.

Во третата изборна единица , ВМРО-ДПМНЕ има 10 пратеници, а исто така засега до самиот крај на пребројување 9 има колацијата Можеме на СДСМ ,а еден Левица.

Во четвртата изборна единица , ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат по 10 пратеници, во петтата изборна единица по 8 пратеници имаат СДСМ и ВМРО ДПМНЕ,  3-ца пратеници има ДУИ а Алијансата за албанците еден пратеник.

Во 6-тата изборна единица, ДУИ освои 7 пратеници, алијансата за албанците 6, СДСМ освои 4 пратеници а ВМРО-ДПМНЕ 2. Еден пратеник освои Демократската партија на албанците.

До 5 часот изутрина остануваат непребројани гласовите во уште 21 избирачко место. „Можеме“ на СДСМ тесно води со 1,29 % разлика пред ВМРО-ДПМНЕ или 36 наспроти 34,71  % освоени гласови.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Излетничките места полни со граѓани за 1-ви Мај

Дејан Дејан

Европски фронт и Вреди уште не решиле дали и за кого ќе гласаат на вториот круг претседателски избори

Дејан Дејан

Каевски и Мојсовски ги отфрлија обвинувањата за злоупотреба на спортски ваучери, велат тие се политички мотивирани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе