Вести Свет

„Стоп за воените злосторства на Израел во Газа!“ – пропалестинските демонстранти низ протестен марш даваат јасна порака

Стотици пропалестински демонстранти излегоа на улиците на Сринагар во Кашмир, под водство на  Индиската управа во петокот. Тие со јасен став изјавија „Стоп за воените злосторства на Израел во Газа“ напишани на паролите кои ги носеа за време на маршот.

Демонстрациите се одржаа по повод „Денот на Ерусалим“, а демонстрантите преку своите скандирања изразија негативни антиамерикански и антиизраелски чувства кон војната која не запира. 

Денот на Ал-Кудс се паѓа во последниот петок од светиот муслимански месец, поврзан со празникот Рамазан и беше прогласен како меѓународен ден за борбата против Израел и за ослободување на  градот Ерусалим.

Демонстрантот Нисан Хусеин во изјавата која ја даде вели: ,,Протестираме против тековната агресија на Израел и Aмериканската влада во Палестина, како и против угнетувањето со кое се соочуваат невините луѓе во регионот. Ние, следбениците на Исламот, секогаш ќе ги креваме нашите гласови за поддршка на угнетениот народ“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе