Вести Свет

Сијарто: Будимпешта нема намера да ги прекине контактите со Москва

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во интервју за руската државна новинска агенција рече дека Будимпешта нема намера да ги прекине контактите на високо ниво со Москва и дека сите средства за комуникација мора да останат отворени.

Унгарија очигледно е во контакт со руските лидери и тоа се подразбира. Јас лично сум во контакт со моите руски колеги – министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, вицепремиерот за енергетика Александар Новак и вицепремиерот за индустрија и трговија Денис Мантуров. Каналите на комуникација мора да бидат отворени бидејќи ако ги прекинеме, тогаш ја намалуваме шансата за мир во иднина. Како и да е, ќе моравме да разговараме еден со друг. Ние веруваме дека дипломатијата е способност да разговарате еден со друг, дури и во сложени околности, дури и кога не се согласувате за сè. Не е голема работа да разговарате со оние со кои се согласувате во сè, изјави Сијарто.

Според него, секогаш има сфери кои не подлежат на режимот на санкции. На прашањето дали Унгарија ќе ја подобри соработката со Русија во областите кои не се засегнати од европските санкции, Сијатро одговара потврдно и вели: „Секогаш кога ќе има потреба за тоа, ќе разговараме“.

Унгарија е отворена за тоа. Минатиот пат унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Пекинг кога требаше да разговараат на оваа тема, додаде Сијарто.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе