Вести Македонија

Поради топлото време и одморите се откажуваат операциите кои може да почекаат

Во летниот период се одложуваат операциите во салите кои можат да почекат. Ова е пракса од претходните години за јули и август, но според директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев иако е период на одмори, сепак има доволно кадар за да им се излезе во пресрет на пациентите.

Операциите кои мора да се завршат не се пролонгираат за во септември.

Во моментов апаратот за магнетна резонанца и рентген се надвор од финкција.  За ренген апаратот наскоро ќе биде распишана јавна набака за да се поправи и стави во функција, а за магнетна резонанца се чека комплетна понуда, по што ќе се стават во функција.

Пациентите од овој регион нови современи апарати ќе добијат со изградбата на новата болница.

Нејзината изградба е стопирана, договорот со грчката фирма Интракат е раскинат, бидејќи ги пробила сите рокови за изградба на овој капитален објект.

Министерството за здравство ја има активирано банкарската гаранција од шест милиони евра.

Се очекува целата постапка за избор за нова фирма да трае речиси половина година, по што во објектот повторно ќе влезат градежни работници.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе