Вести Македонија

Седница на Работната група за уставни измени

Работната група формирана при Министерството за правда со задача за подготвување на Предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот се состанува во Влада.

Откако ќе бидат подготвени измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамки на Собранието, а паралелно со работата на групата ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе дадат свое мислење, но без претставници од опозициската ВМРО – ДПМНЕ кој одлучија да не учествуваат во работата на ова тело бидејќи како што тврдат Уставните измени нема да бидат изгласани.

Од Министерството за правда најавија и дека списокот на членови на Работната група ќе се дополнува во наредниот период и со други експерти кои ќе дадат придонес во подготовката на уставните измени.

Превидено е официјален предлагач на уставните измени да биде Владата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе