Вести Македонија

Битиќи во Вин Вин најави дека владата сака во април со синдикатот да се постигне договор за колективниот договор во јавниот сектор

Ставот на владата околу укинувањето на одредбите од страна на Уставниот суд за висината на платите на јавните функционери е јасен. Владата има дадено негативно мислење, испратено до Уставен суд во кое едноставно укажува дека не треба да се прифати иницијативата и да остане на претходните одредби, изјави во вечерашното издание на Вин-Вин, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Во однос на можноста владата со закон да го спречи енормното зголемување на платите со закон, Битиќи вели дека тој би требало да биде усвоен во Собранието, оценувајќи дека при тоа треба да се избегне да се направи штета на целокупниот систем.

„Со одлуката не се опфатени само министрите, не се опфатени само пратениците, опфатени се и судии и други именувани лица и нагоре во хиерархијата и надолу во хиерархијата. Јас само што завршив со економско-социјалниот совет заедно со министерката за труд и социјална политика, на кој што дискутираме за општиот колективен договор во целиот јавен сектор и кажав: „Ако се согласиме со синдикатите, методологијата за јавниот сектор ќе ја реплицираме и за избраните и именуваните лица.“ – изјави Битиќи, додавајќи дека доколку плататата на вработените во јавниот сектор биде поврзана со минималната плата, тој принцип може да се применува и на носителите на јавните функции.

„Сакаме да го финализираме сега, во месец Април, за да веќе со следните плати и секако ако е потребно после тоа дури и законски измени, да ги предложиме, затоа што ќе дадеме предлог, во кој што вистински ќе сакаме да најдеме решение кое што е одржливо.“ – вели Битиќи.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе