Вести Македонија

Треновски во „Вин Вин“: Општините имаат многу „тесни грла“ во нивното функционирање

Во функционирањето на општините има повеќе „тесни грла“ за кои може да зборуваме два-три дена и тие може да се групираат во делот на односи со централната власт, да се групираат внатре во општините за нивната ефикасност, може општина-советници, општина-граѓани, но потребата за смена на системот во кој се наоѓаме го покажуваат низата на кумулирани трендови од претходните години, рече Борче Треновски, професор на Економскиот факултет во Скопје, во вечерашната дебата „Вин Вин“ на Телма ТВ.

„Ќе споменам неколку кои можат да бидат почетна точка за тоа како треба да се спроведе тоа репозиционирање или зајакнување на општините. Прво, имаме општини кои имаат енормно различни човечки капацитети. Второ, имаме општини кои имаат енормно различни фискални капацитети, што значи дека руралните општини имаат трипати помалку сопствени приходи по глава на жител од Градот Скопје, а Град Скопје има двапати повеќе од сите урбани општини во државата. Нивото и квалитетот на услугите драстично се разликуваат меѓу различни општини. Пописот покажа енормни разлики меѓу бројот на жители. Со исклучок на осум општини, во сите останатите имаме намалување и во, речиси, сите имаме стареење. Со тоа се менува и пристапот какви политики во какви општини треба да се креираат“, истакна професорот Треновски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе