Вести Македонија

Ревизорите констатираа дека нема регистар за недвижен имот во општина Ѓорче Петров

Државниот завод за ревиија го објави ревизорскиот извештај за општина Ѓорче Петров. Ревизорот констатирал дека нема регистар за недвижен имот, и регистар на издадени одобренија за поставување на урбана опрема.

Има и неправилности во начинот и постапката на давање на користење на деловни простории, урбана опрема и спортски објекти, пишува во извештајот на Државниот завод за ревизија при направената ревизија на финансиските извештаи за 2021 година во општина Ѓорче Петров.

Ревизорите утврдиле дека има и непрецизно утврдени критериуми за оценка на барањата за донации и спонзорства, непочитување на начелото на транспарентност и отчетност при доделување на финансиската помош, и искористените средства и извршените градежни работи, изградба и реконструкција на улици и патишта се без одобрение за градба и проект.

Како клучни системски слабости ги издвојуваат нецелосниот увид во наплатата и потврдувањето на приходот по основ на комунална такса, што се плаќа при регистрација на возила, и комуналната такса за користење и одржување на јавно осветлување.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе