Вести Македонија

ЦУК: Изгаснат едниот крак од пожарот над Теарце, другиот сè уште активен

Целосно е изгаснат едниот крак од шумскиот пожар над селото Теарце во Националниот парк „Шар Планина“, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Другиот дел од пожарот е сè уште активен, но со помал интезитет од вчера.

Според Регионалниот центар за управување со кризи – Тетово, состојбата континуирано се следи. Се очекува активниот дел од пожарот да се самоизгасне во текот на ноќта, со оглед на ниските температури. Ако тоа не се случи, утре, по утринското извидување, е планирано повторно да се оди на терен за пожарот да се доизгасне.

Од вчера до денеска, како што наведува ЦУК, се изгорени околу седум до девет хектари површина.

„Како резултат на воздушниот притисок, чадот се спушта надолу и им создава големи проблеми во дишењето на вработените поради што тие се повлечени. Пожарот на една од страните е изгаснат во целост, а од другата страна не се можело да се дејствува, бидејќи се намалила видливоста – се стемнувало, па затоа пожарот на тој крак е сè уште активен, но со помал интезитет од вчера. Авион од ДЗС учествувал сo дејствување на една од страните на пожарот, но само со еден прелет, согласно условите на терен и се вратил во базата во Скопје“, информира ЦУК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе