Вести Македонија Топ вести

Алијанса за Албанците: Ако дојде до предлог за влез во Влада, ќе составиме конкретна платформа со барања

Сè уште немаме конкретна понуда од извршната власт за можно вклучување во Владата, но доколку добиеме каква било понуда ќе составиме конкретна платформа со барања, како одговор до извршната власт, велат од Алијансата за Албанците.„

Сè уште немаме конкретна понуда, ниту разговори. Има сигнали, сте ги слушнале и самите владини претставници дека се заинтересирани. Но, доколку дојде до некакво барање или предлог за наше вклучување во Владата, ќе составиме конкретна платформа, владејачка програма со точки кои ние цениме дека се важни за граѓаните и државата и ќе ги презентираме како одговор. Доколку се согласат да ги направат тие промени, проекти, напредок, ќе го разгледуваме преземањето одговорности, а ако не, тогаш ние не сме за други пазарења“, потенцираат од Алијансата за Албанците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе