Вести Македонија Топ вести

Катимерини: Аналитичарите сметаат дека договорот од Преспа нема да биде оспорен

Победата на националистичката ВМРО-ДПМНЕ предизвикува загриженост за влијанието врз односите на Скопје со Софија и со Атина, иако аналитичарите сметаат дека договорот од Преспа нема да биде оспорен, објавува денеска грчкиот весник Катимерини.

Историската националистичка партија ВМРО-ДПМНЕ свечено се враќа на власт по седум години опозиција, откако извојува убедлива победа над социјалистите, кои колабираа на вчерашното гласање.

Конкретно во однос на договорот од Преспа, можно е Мицкоски, во зашеметување на победата, како и новоизбраната претседателка, Гордана Силиановска, во првите изјави да го слават обичното име „Македонија“, без „Северна“ што е пропишано со Уставот.

Сепак, тие знаат дека, барем на официјално ниво, Атина не прифаќа неупотреба на уставното име Северна Македонија ниту на внатрешен план и им е кажано дека грчката влада ќе реагира на начин што нема да биде во интерес на новото раководство во Скопје.

Прашањето што заедно со победата за раководството на ВМРО-ДПМНЕ се постави на гласањето во средата е дали актуелната партија мутирала во проевропска политичка организација од десниот центар или ќе продолжи по патот на национал-популизмот и авторитарното владеење на сега пребегнатиот поранешен лидер и премиер, веќе една деценија, Никола Груевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија освои прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада во Грција

Дејан Дејан

Пожарникарите спасиле човек кој паднал во Драгор – можни одрони на патиштата по обилните дождови

Дејан Дејан

Израел извршил нови воздушни напади врз Кан Јунис, Нусејрат и Џабалија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе