Ветерницата на познатото париско кабаре Мулен Руж од 19 век падна од покривот во текот на ноќта. Причината за несреќата останува непозната и нема повредени. Додека парижаните и француските власти ја изразуваат својата загриженост поради чудниот инцидент и се надеваат дека за кратко време ќе се надмине, туристите доаѓаат во голем број да се фотографираат со Црвената ветерница. Се препоставува дека инцидентот се случил рано утринава, а париската противпожарна служба објави дека причината за колапсот се уште не е позната и дека нема повредени.
- Тоа е симбол на Монмартр, на неговото село, на боемскиот начин на живот, на Париз. Целиот свет доаѓа овде за да се фотографира покрај Мулен Руж и сега тие ќе имаат можност да направат уникатни фотографии без перки во овој момент, но мислам дека сопствениците на Мулен Руж ќе дадат максимум за брзо да ги постават перките, бидејќи дури и ако е само обележје што падна, тоа е симболот на Мулен Руж, тоа е како Ајфеловата кула да се урне, изјави Стефан Кешелин, локален жител.
- Бев изненадена бидејќи дојдов овде само за да го видам ова и одовде ќе започнеме турнеја, па не знаев што се случило, тоа е сосема ново за мене и да, секако сакавме да го видиме Мулен со сите обележја, па затоа беше чудно да се види ова, изјави Моника Вилегас, туристка од Костарика.