Вести Свет

Денеска е ден на планетата Земја, a Европа е прва на мета на климатските промени

Денеска се одбележува денот на планетата Земја. Овој ден е потсетник да се разбуди свеста кај луѓето за еколошките предизвици  со кои сите се соочуваме, но и да се пронајдат решенија за истите.

Според извештајот на службата за климатски промени Коперник, Европа од 2023 година се смета за континент кој е најмногу подложен на климатските промени. Екстремните временски услови, вклучувајќи ги поплавите, шумските пожари и топлотните бранови, го земаат својот данок врз животната средина. Коперник известува дека смртните случаи поврзани со глобалното затоплување во регионот се зголемиле за околу 30 отсто во изминатите 20 години.

,,Ние веќе живееме во клима која е фундаментално различна од климата во која живеела претходната генерација. Ние како народ пораснавме и овој нов вид на клима, знаете е честопати непознат за нас. Ние никогаш не сме доживеале морето да е со толку висока температура. Според мене првиот елемент кој е важен да се извлече од извештајот е фактот дека имаме информации и треба да направи биланс на она што се случило, а потоа да го искористиме како водич во нашата иднина.”, изјави Карло Буонтемпо, директорот на службата Коперник.

Климатските промени во Европа варираат, при што некои држави како Шпанија имаат екстремно високи температури, додека други области како што се Скандинавските држави,  се подложни на обилни врнежи. Разликата може да се види и во делови на Грција, Франција и Португалија каде што има разорни шумски пожари.

Истражувачите кои се занимаваат со климатските  промени, предупредуваат дека ваквите настани ќе бидат се позачестени.

„Очекуваме дека климата која се затоплува, ќе придонесе да има повеќе поплави и повеќе суши, како и повеќе топлотни бранови, кои потоа ќе влијаат на истите региони, во една година, или да влијаат на различни региони во исто време, а причината за ова се влажните и суви услови. Факт е дека атмосфера е потопла и истата е склона кон создавањето на влага, а ветровите може да предизвикаат ова влага да поттикне уште поинтензивни врнежи проследени со поплави. Затоа е сосема очекувано да имаме глобално затоплување. “ додаде истражувачот од Универзитетот во Рединг.

Според извештајот Европа е континент кој најбргу се загрева во споредба со другите, па според тоа ја става прва на листата со највисока стапка на глобално затоплување.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе