Група планинари кои биле во посета на Мртвото Море во Израел за време на своето викенд патување пронашле необичен предмет – голем дел од проектил легнат среде пустина.
Потеклото на ракетата и како стигнала таму за сега не е познато, иако беше пронајдена една недела по невидениот напад на Иран врз Израел минатата недела.
Иран лансираше стотици беспилотни летала, балистички ракети и крстосувачки ракети кои се обидоа да ја совладаат израелската противвоздушна одбрана во нападот на 13 април – прв директен напад врз Израел од странска сила откако ирачкиот диктатор Садам Хусеин лансираше ракети Скад врз Израел во Заливската војна во 1991 година.
Сепак, израелската противвоздушна одбрана и борбени авиони, поддржани од САД, Обединетото Кралство и соседен Јордан, соборија огромен дел од докдовните закани.
Нападот на Иран дојде како одговор на осомничениот израелски напад на 1 април, чија цел беше конзуларна зграда веднаш до иранската амбасада во Дамаск, Сирија, при што загинаа двајца генерали на гардата и нивни помошници.